Куман доживеал срцев удар: Лекарите со брза интервенција му го спасиле животот

Селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман денеска итно бил хоспитализиран во Амстердам поради проблеми со срцето. Куман бил на рекреативно возење велосипед кога почувствувал силни болки во градите по што итно е префрлен во болница.

Како што пренесува „Де Телеграф“, Куман со возило на брза помош кое пристигнало на местото бил префрлен во болница каде лекарите со брза хируршка интервенција му го спасиле животот. На легендарниот Холанѓанец му е вграден стент по што сега го чека опоравување.

Според информациите од неговата сопруга за два дена треба да биде пуштен од болница а потоа го чека домашно опоравување. Прашање е дали наскоро ќе може да се врати на ангажманите како селектор на Холандија.

Се вчитува...