Куман: Ете како ВАР го уништува фудбалот

Роналд Куман не го криеше бесот од судиската одлука при пеналот за првиот гол за Англија, што според холандскиот селектор беше клучен фактор на синоќешното полуфинале.

Хари Кејн шутираше и промаши, но во продолжението на тој шут дојде до контакт меѓу него и Дамфрис што главниот судија Цвајер најпрвин не го санкционираше, но по повикот од ВАР собата ја промени својата одлука и покажа на белата точка.

„Ете како ВАР го уништува фудбалот, сите бевме сведоци… Не беше пенал, немам никаква дилема околу тоа. Дамфрис е таму за да го блокира шутот, тој не го допира Кејн во моментот на шут, туку само доаѓа до судир на нивните нозе откако топката веќе е надвор од игра. Фудбалот е уништува со ваквите одлуки… Еве кажете ми, што требаше Дамфрис да направи како дефанзивец… Судијата денеска досуди неколку смешни работи, но ова беше врвот“, изјави Куман.

Се вчитува...