Куман: Имам список на желби кој треба да ми биде исполнет

Тренерот на Барселона, Роналд Куман има список на фудбалери кои би сакал да ги доведе на „Камп ноу“ во зимскиот преоден рок.

„Направив список на нашите слабости, како и фудбалери за кои верувам дека би било добро да ги доведеме. Секој тренер го гледа јануари како време кога треба да се појача тимот. Истото го правам и јас, но на крајот се зависи од клубот“, изјави Куман. 

Барселона во моментов се наоѓа на петтото место на првенствената табела со 28 бода од 16 одиграни натпревари.

Се вчитува...