Роналд Куман донесе изненадувачка одлука околу составот за вечерашното гостување против Бетис, откако холандскиот стратег реши да ги остави на клупата својот сонародник Франки де Јонг и капитенот Лионел Меси.
Аргентинецот и покрај променливата форма и сезонава е лидер на Барса, додека Де Јонг одигра извонредно на последните неколку натпревари, но Куман ги шокираше фановите со одлуката ниту Меси ниту Де Јонг да не бидат стартери вечерва во Севилја.
Барса на овој меч ќе истрча со следниот единаесетмина: Тер Штеген, Мингуеза, Араухо, Ленгле, Алба, Бускетс, Пуиг, Пјаниќ, Гризман, Дембеле, Бреитвајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

