Куман на удар на критики по поразот од Хрватска

Холандските медиуми денеска го нападнаа селекторот на Холандија, Роналд Куман после поразот во Ротердам од Хрватска во полуфиналето во Лигата на Нации.

Анализите се дека на селекција и недостасува квалитет. Роналд Куман не може да побегне од критиките, а дека ги губи конците уште на самиот старт од својот нов мандат покажува вчерашната прес-конференција во која се искара со новинарите. Медиумите не се воодушевени од тоа како ја води селекцијата, а веднаш по мечот на Куман му замеруваа за многуте примени голови во последните два меча (четири од Франција и четири од Хрватска).

„Што треба да подобриме? Тие последните два гола не ги сметам затоа што тоа е продолжение во кое преземате поголем ризик. Тоа е поинаку“, рече Куман.

Новинар: И сега, ако не ги сметаме тие голови, тогаш сте победиле…

Куман: Да, кога така гледате. Тоа е малку глупав коментар од ваша страна. Дали тоа беше шега? Такви сме ние Холанѓаните, и тоа после вакви натпревари.

Сепак, после  ова Куман се созеде и почна да го коментира натпреварот, кажувајќи дека првиот гол на Хрватска одиграл клучна улога, но призна дека Холандија не загуби поради него, и призна дека противникот сосема заслужено победил.

Се вчитува...