Куман: Не очекував дека ќе загубиме толку убедливо

Второто деби на клупата на Холандија, не мина добро за селекторот Роналд Куман кој во Париз загуби од вицешампионот Франција со убедливи 4-0.

Куман се вадеше на фактот дека не можел да го изведе составот кој го сакал, со оглед дека неколкумина ги „покоси“ вирус непосредно пред дуелот.

„Немавме шанси. Веќе после осум минути губевме 2-0. Против таква селекција мора да се биде многу добар. Покажавме малку во овој натпревар. Не очекував дека ќе загубиме толку убедливо. Не беше ова составот со кој сакав да го почнам натпреварот, но околностите беа такви“, рече Куман и додаде:

„Но, нема да барам изговори за оваа партија. Моравме да бидеме поагресивни и помалку да грешиме. Не беше ништо позитивно“, изјави Куман.

Се вчитува...