Куман: Недозволиви се такви грешки, како може да се промашат два пенали?

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, е незадоволен од играта на неговиот тим по тесната победа против Корнеа. Каталонците имаа по два пенали во регуларниот дел од натпреварот, но и двата беа промашени, па се пласираа во осминафиналето на Купот на кралот откако одиграа две продолженија од по 15 минути. Барселона славеше со 2:0.

Барса оваа сезона игра далеку од посакуваната форма, па на некогаш „непобедливиот“ тим, денес проблеми за обезбедување на победа му прават и тимови од рангот на Корнеа. Се разбира, Куман беше разочаран од ваквата игра и побара поголема концентрација и одговорност од своите играчи.

„Најважно е што поминавме во следната фаза, но не можеме да бидеме среќни само затоа што постигнавме голови. Промашивме два пенали и мора да преземеме поголема одговорност во вакви ситуации. Одигравме 120 минути, промашивме бројни шанси. Тоа не смее да се случи. На такви натпревари, можете многу да изгубите и да добиете многу малку. противниците одиграа одлично, нивниот голман беше најдобриот играч на теренот, но имавме доволно можности да си ја олесниме играта. Разбирам зошто Корнеа го нокаутира Атлетико, тие трчаа до последната секунда “, рече Куман.

Зa потсетување, Барселона во синоќешниот натпревар играше без Меси, кој поради црвен картон доби суспензија од два натпревари, тој ќе го пропушти и следниот меч на неговиот тим кој ќе игра против Елче.

Се вчитува...