Селекторот на Холандија, Роналд Куман не можеше да го сокрие задоволството од пласманот на неговата селекција во полуфиналето на Европското првенство во Германија.
Куман, по синоќешната победа од 2-1 над Турција во четвртфиналето, истакна дека ова за една мала држава како Холандија е голем успех.
„Ние сме мала нација и затоа тоа не прави уште погорди што ќе играме во полуфиналето. Ова е нешто посебно за нас, да се бориме за европската титула против Англија, Франција и Шпанија. Треба да им се честита на овие момци“ – истакна Куман, осврнувајќи се и на мечот со Турците.
„Факт е дека се мачевме против одличната Турција. Се работеше за многу емотивен натпревар за нас и затоа успехот е голем. Во одредени ситуации не можевме да најдеме простор, а Турција доминираше па затоа требаше да менувам со Вегхорст кој одлично се снајде во целата ситуација. Би сакал сега да играме финале и тоа против селекцијата на Шпанија“.
Во полуфиналето Холандија ќе се сретне со Англија, натпревар кој се игра в среда од 21 часот во Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА