Роналд Куман објави дека нема намера повеќе да води ниту еден клуб во тренерската кариера, откако си го исполнил сонот да седне на клупата на Барселона.
Тој ја напушти холандската репрезентација за да го прифати предизвикот наречен Барса, но не се прослави во каталонскиот гигант, каде по една и пол сезона и бројни осцилации во формата на тимот доби отказ. Куман веќе се договори по СП 2022 во Катар да се врати на клупата на холандскиот национален тим, но кога станува збор за клупските ангажмани, тука приказната е завршена.
„Јас имав еден сон – да ја тренирам Барселона, и тоа ми се исполни. Повеќе нема да водам ниту една екипа до крајот на кариерата“, објави Куман.
Роналд Куман покрај Барселона во клупската тренерска кариера имаше ангажмани и во Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајндховен, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон и Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА