Куман огорчен поради постојаното спомнување на Меси: Тоа е непочитување…

Тренерот на Барселона, Роналд Куман е огорчен поради фактот дека многу играчи на ПСЖ го коментираат евентуалното доаѓање на Лионел Меси во редовите на францускиот клуб следната сезона.

Почна се со Нејмар кој истакна дека би сакал повторно да заигра заедно со Лео, па вчерашната изјава на Анхел Ди Марија максимално го налути тренерот на каталонскиот тим.

Ди Марија изјави дека се надева како веќе од следната сезона ќе игра заедно со Меси во ПСЖ.

„Се надевам дека ќе заигра за ПСЖ. Верувам дека постои огромна можност за тоа, но мора да бидеме трпеливи“ – порача Ди Марија.

Одговорот на Куман дојде синоќа по натпреварот со Гранада во Копа дел реј.

„За мене тоа е непочитување. Не е убаво што толку лица од ПСЖ постојано заборуваат само за играч кој се уште е под договор со Барселона. Мислам дека само ја разгоруваат атмосферата пред натпреварот од Лигата на шампионите“ – вели Куман.

Се вчитува...