Тренерот на Барселона, Роналд Куман, истакна дека лицето кое ги открило деталите за договорот на Лионел Меси повеќе нема иднина во каталонскиот клуб. Вчера беа објавени деталите за договорот меѓу Лионел Меси и Барселона, поради што аргентинскиот фудбалер наводно подготвил тужба. Дел од фановите на фудбалот испратија негативни пораки до Меси, укажувајќи дека во време на светска пандемија и финансиска криза, репрезентативецот на Аргентина зема огромни пари од каталонскиот клуб, кој дефинитивно е еден од најпогодените и финансиски загрозени во Европа.
Тренерот на Барселона, Куман, видно е разочаран од луѓето кои сакаат да наштетат на неговиот тим, па тој кажа дека е неопходно да се елиминираат таквите „натрапници“.
„Мора да се концентрираме на теренот. Во последно време бележиме добри резултати. Не треба да обрнуваме внимание на тоа, но јасно е дека има луѓе кои сакаат да и наштетат на Барселона и на Лео. Лицето кое ги сподели тие информации нема иднина во овој клуб. Меси со години го докажуваше својот квалитет, тој го направи овој клуб одличен и освои бројни титули“, рече Куман.
Неколку часа подоцна, каталонскиот клуб го победи Атлетик Билбао со 2-1. Меси го одбележа натпреварот со одлична игра, тој повторно успеа да донесе победа на неговиот тим, а овој пат со спектакуларен гол од слободен удар.
„Забележав дека тој беше многу мотивиран, но не повеќе од претходните натпревари. Секако, оваа вест влијаеше врз него. Ние мора да ги почитуваме ваквите важни играчи. Лео е роден победник. Ние мора да останеме обединети“, додаде Куман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

