Куман промовиран во Холандија: Ќе играме напаѓачки

Денеска Холандија го промовираше наследниот на Луј Ван Гал. Станува збор за добро проверено име – Роналд Куман кој што ќе ја води селекцијата по вторпат откако беше селектор од 2018 до 2020 година, а претходно и асистент во репрезентацијата.

Куман е без ангажман од 2021 кога доби отказ од Барселона, а сега го презема кормилото на холандската селекција, чија главна цел ќе биде пласман на ЕП 2024 во Германија.

Новиот селектор вети дека ќе го врати напаѓачкиот стил на игра и формација 4-3-3.

„Навистина сакаме да се вратиме на формацијата 4-3-3. Морам да покажам дека можам да бидам успешен тренер. Прв чекор се квалификациите за Европското првенство“, рече Куман.

Тој одговори на критиките на навивачите упатени кон поранешниот селектор Луј Ван Гал дека играл многу одбранбено на Мундијалот во Катар.

„Видов мигови кога самиот во себе си помислив: Ова може да биде поинаку, ова мора да биде понаку“, коментираше кратко Куман.

Се вчитува...