Куман се враќа како селектор на Холандија?

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман е во преговори со фудбалската федерација на Холандија за негово враќање на клупата на „лалињата“, пренесуваат дел од холандските медиуми.

Селекторот е во разговори со федерација за превземање на Холандија по светсткото првенство во Катар 2022 година, на која Холандија ќе ја води искусниот Луј Ван Гал, кому му истекува договорот.

Куман веќе ја водеше Холандија од 2018 година до август 2020, а потоа замина во Барселона. Но, сега е без работа откако доби отказ од таборот на Барса. Потоа селектор беше Франк Де Бур, но по поразот од Чешка во 1/8 финалето, и тој доби отказ, па на кормилото седна Ван Гал.

Се вчитува...