Искусниот холандски стратег Роналд Куман изјави дека следната сезона би можело да ја преземе Барселона. Како фудбалер Куман шест години помина во каталонскиот гигант, а токму Барселона е единствениот клуб во светот поради кој би ја напуштил позицијата селектор на Холандија.
„Моментално сум селектор на Холандија. Малку ми е чудно да разговарам за други опции, бидејќи никогаш не знаете што може да се случи. Секако постои можност да ја преземам Барселона. Кога ќе се случи тоа? Повторувам, моментално сум селектор на Холандија, и нема сигурно да ја оставам репрезентацијата на цедило пред еврошампионатот“, изјави Куман.
Искусниот стратег на клупата на холандската репрезентација седна во февруари 2018 година и по неколку циклуси е на чекор да ја одведе националната селекција на едно големо натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА