Куман: Титула? Тоа ќе зависи од менталитетот на тимот

Барселона врза три победи, во осум натпревари во Ла Лига без пораз, сето тоа заокружено со синоќешната убедлива победа од 4-0 против Гранада.

Тимот на Роналд Куман го одигра можеби и најдобриот натпревар на гости сезонава. Бодовната негатива зад Атлетико е сега само четири бода, но „јорганџиите“ имаат и три натпревари помалку.

„Освојувањето на титулата не зависи само од еден играч. Најмногу зависи од менталитетот на тимот. Ако сите се добро и во своја најдобра форма, може да се бориме за титула. Ќе биде тешко, но оваа недела одигравме добро што ни носи самодоверба“ – вели Куман.

Се вчитува...