Евертон не ја почна најдобро новата сезона во Премиер – лигата, а менаџерот Роналд Куман чувствува дека тимот се уште не може да ’преболи’ заминувањето на Ромелу Лукаку. Робусниот напаѓач замина во Манчестер јунајтед, па иако Вејн Руни дојде во Евертон, сепак, на Куман му недостига уште еден голгетер чија специјалност се воздушните дуели. Тој го „пикира“ Оливие Жиру од Арсенал.
Куман е подготвен да понуди 40 милиони фунти за Французинот во зимскиот преоден рок, и стандардно место во нападот за да го убеди Жиру да пристигне во Евертон. Тој би можел да биде заинтересиран за преселба на „Гудисон парк“, за да се наметне во составот на Франција во пресрет на Светското првенство во Русија следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА