Куман за Депај: Во Бразил лигата е посилна од онаа на Саудиска Арабија

Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај, го комплетираше трансферот во бразилски Коринтијанс. Селекторот Роналд Куман кажа дека и понатаму ќе смета на него.

Ова прашање доаѓа откако го „отпиша“ Бергвајн кој направи трансфер во Саудиска Арабија.

„Не го оправдав трансферот на Бергвајн во Саудиска Арабија, но со Мемфис Депај ситуацијата е друга. Нивото на првенството во Бразил е повисоко. Така што Депај и натаму ќе биде дел од националниот тим, но се ќе зависи од неговата форма, ниво и кондиција“, коментираше Куман.

Се вчитува...