Барселона ги стартува подготовките за наредната сезона без Лионел Меси, бидејќи аргентинскиот генијалец се уште нема потпишано нов договор со клубот. Најдобриот фудбалер на денешницата моментно е слободен играч, медиумите тврдат дека тој сигурно ќе остане во Барса, но додека тоа не се случи останува опасноста некој гигант со мегапонуда во последен момент да ги замрси сметките на каталонскиот гигант.
Куман и Меси не беа во најдобри односи на стартот од ланската сезона, но состојбата се стабилизираше како што одминуваше времето, па Аргентинецот даде „зелено светло“ за претседателот Лапорта да го задржи Холанѓанецот на „Камп Ноу“.
„Секако дека сум загрижен, подобро за сите нас ќе беше ако Меси потпишеше досега и целата сага беше завршена. Тој е најдобриот фудбалер во светот, исклучително е важен за Барса како клуб, но и за целата шпанска Ла Лига. Зборував со претседателот Лапорта, тој ми рече да останам смирен, дека работи на случајот и дека ќе се погрижи Лео да остане уште неколку години во Барселона. Јас му верувам на Лапорта, верувам дека она што го говореше ќе се оствари“, изјави Куман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА