Куманово без проблеми до деветтата победа во првенството

Кошаркарите на Куманово очекувано без проблеми стигнаа до триумф од 86-69 (16-17,26-17,23-14,21-21) против младиот состав на Вардар во 13. коло од домашниот шампионат.

„Вардарци“ успеаја да им парираат на домашните само во првата четвртина која ја заврши во своја корист. Но, се понатаму беше во знакот на кумановци предводени од расположениот Мијатовиќ.

На полувремето се замина со предност од осум поени (42-34), а понатаму во вториот дел разликата постојано се зголемуваше за конечни 86-69.

Данило Мијатовиќ беше најдобриот поединец кај Куманово со 28 поени и 9 скока, а по 11 поени постигнаа Караколев и Живановиќ. Во тимот на Вардар Адекунле мечот го заврши со 17 постигнати поени, а Шалев, Зекири и Митков запишаа по 12 поени.

Куманово е на третата позиција на табелата, зад Работнички и Фени Индустри, со девет победи и четири порази.

 

Се вчитува...