Куманово до лесна победа над Шкупи

Кошаркарите на Куманово стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако денеска во првиот меч од 8. коло во Првата лига стигнаа до убедлив триумф на гостувањето кај Шкупи од 57-83.

Гостите го отворија подобро мечот и по првата четвртина имаа предност од 12-18. До крајот на првиот дел разликата само се зголемуваше, а на пауза кумановци заминаа со двоцифрена предност од 28-43.

Во вториот дел избраниците на Марин Докузовски само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 57-83. Урош Луковиќ со 22 поени и 19 скока беше прво име кај победникот, додека кај поразените Трибл постигна 14 поени.

Се вчитува...