Куманово ги совлада Ангели со 42 поени разлика!

Кошаркарите на Куманово го совладаа составот на Ангели со 109-67 во натпревар од 4. коло во кошаркарската Супер-лига. Домашните кошаркари доминираа во текот на целиот натпревар, а клучната разлика ја направија по првиот дел, откако заминаа со предност од 32 поени разлика, а потоа во вториот дел само ја одржуваа и зголемуваа разликата.

Урош Луковиќ кај Куманово беше најефикасен со 19 поени, а Стевановиќ постигна 18. Кај гостите Атанасов со 12 поени беше најефикасен.

Куманово со оваа победа стигна до четири од четири, додека Ангели го претрпеа третиот пораз во четвртиот меч. Победата ја остварија над МЗТ со службени 10-0.

Се вчитува...