Куманово оствари лесна победа над Шкупи со резултат од 95-69 (18-17, 25-12, 23-14, 29-16), на гостувањето во Чаир. Кошаркарите на Ацо Петровиќ тотално ја „размонтираа“ екипата на Шкупи кои резултатски се носеа само во првата делница. Кумановци прават серија од три победи во низа, додека чаирчани по двата триумфа над Карпош соколи и Струмица повторно се на страната на поразените.
Домаќините беа рамноправни противници само во првата четвртина, откако по 10 минути резултатот беше во корист на Куманово со само половина кош (18-17), но гостите фуризоно тргнаа во продолжението од првото полувреме па имаа високи +14 веќе на паузата (43-29). Кошаркарите на Куманово продолжија да го полнат кошот на домаќинот до самиот крај, а Шкупи успеа да ја надмине границата од 20 поени само во последната четвртина откако успеаја да реализираат 26.
Дури шест играчи на Куманово завршија со двоцифрен учинок, а како најефикасни се истакна капитенот Марјан Јанески со 16 поени, четири скока и пет асистенции, додека Никола Караколев и Немања Милковиќ постигнаа по 15 поени. За Шкупи најрасположени беа Џозеф Тејлор со дабл-дабл учинок од 23 поени и 17 скока и Тајрон Херис со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА