Кошаркарите на Куманово без апсолутно никакви проблеми го освоија Кавадарци во 17. коло од Првата македонска кошаркарска лига славејќи против Фени Индустри со 80-108 (15-24, 18-26, 28-33, 19-25).
Од почетокот на мечот кумановци ја презедоа контролата на играта и резултатот во свои раце, па откако на полувреме заминаа со предност и од 17 поени, до крајот само рутински го доведоа мечот до конечна победа од цели 28 поени разлика.
Дури шест кошаркари на Куманово имаа двоцифрен ефект, а најефикасен беше Стајиќ со 20 поени. Ѓекиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 16 поени и 10 скока, а по 18 поени постигнаа Мекиќ и Караколев. 14 поени постигна Јанески а со 13 поени мечот го заврши Караџоски. Во поразениот тим се издвои Вокер со 24 поени и 7 скока.
Пелистер, пак, лесно дојде до победата пред својата публика против Карпош Соколи од 95-66 (25-21,27-20,15-19,28-6).
Најефикасен кај „пелистерци“ беше Луис со 24 поени, дополнети и со 10 скока, 17 поени постигна Давков а со 15 поени мечот го заврши Атанасовски. Кај „соколите“ најдобар беше новиот Американец Кори Спенс кој мечот го заврши со 28 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА