Кошаркарите на Куманово стигнаа до третата победа сезонава во домашниот шампионат откако вечерва во меч кој траеше повеќе од два и пол часа славеше над Феникс со 73-66 во 7. коло од Првата лига.
Натпреварот траеше толку долго поради поради „димната завеса“ која ја зафати салата „Перо Наков“ во Куманово. Пред прекинот се слушнаа неколку пукотници од петарди, по што се дигна „димната завеса“ па официјалните лица мораше да го прекинат дуелот на 1:32 минута пред крајот на втората четвртина при резултат 35-33 за домаќините.
Откако по пауза од скоро еден час кошаркарите се вратија на теренот, домаќините беа подобро расположени па на крајот стигнаа до триумф од 73-66. Taдија Тадиќ со 20 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Митревски и Тимоти уфрлија по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА