Ракометарите на Куманово беа подобри од Вардар Неготино на отворањето во плеј-аут фаза во Супер-лигата.
Куманово предводен од новите имиња во своите редови, беше подобар од гостите, и триумфираше до 29-23. Голем придонесе за победата имаше и голманот Стефан Кимевски кој запиша 14 одбрани.
Гостите имаа предност само на почетокот на мечот, а потоа следуваше целосна доминација на домашните, кои на полувреме имаа предност од 13-7, и водството го задржаа до крајот на мечот.
Најефикасен беше Костов со 13 постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА