Екипите на Куманово и Прилеп ремизираа 26-26 во дерби натпреварот од плеј-оф фазата во ракометната Суперлига на Македонија.
Домашниот тим имаше водство од 25-24 и посед на топка на минута и пол до крајот. Но, преспоро го одиграа тој напад што заврши со шут преку голот. На спротивната страна добро беше одигран напад со проигрување на пикерот Томислав Квастек кој погоди за израмнување.
Наум Костов стрелаше од пенал, па Куманово поведе 26-25, но прилепчани одново брзо реагираа и преку Рајатоски израмнија на 26-26. Кумановци веднаш шутираа за победа на празен гол, но за нивна несреќа топката заврши над голот на противникот.
Уча, Костов и Радојичиќ со по пет гола беа најефикасни кај Куманово, Шабановиќ со 10 и Рајатовски со пет гола најефикасни во редовите на лидерот на плејаут табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА