Ракометарките на Куманово и на ЖРК Вардар ќе играат во финалето од Купот на Македонија кое е закажано за в сабота (11. мај) од 16 часот во Куманово.
Во втората полуфинална пресметка вечерва, домаќинот Куманово славеше со 29-22 (15-10) против Металург па си закажа финална пресметка со „вардарки“ кои претходно во првата полуфинална пресметка го совладаа тимот на ЖРК Стружанка со 27-18 (16-12).
Шарановиќ со 9 гола беше најдобра кај кумановки во триумфот против Металург, Дабевска постигна осум а Боризовска – шест погодоци. Кај Металург, Калајџиевска постигна седум гола, додека Гичевска заврши со пет погодоци.
Во победата на „вардарки“, пак, најефикасни ракометарки беа Ангела Костовиќ со 7 и Мирјана Петковска со 5 голови додека пак кај Стружанка Теодора Маркоска со 7 и Бојана Јованоска со 5 постигнати голови беа најдобри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА