Куманово издржа едно полувреме: Вардар со гостинска победа до „шест од шест“

Ракометарите на Вардар продолжуваат со сто отстотниот учинок и по 6. коло од Суперлигата откако славеа на гостувањето кај Куманово со 18-31. Домаќините се прикажаа како достоен противник во првото полувреме, но немаа сили за сензација. „Црвено-црните“ одиграа далеку подобро второ полувреме и сосема заслужено стигнаа до нови два бода.

Натпреварот започна во изедначено темпо и така продолжи до средината на првото полувреме. При резултат 7-7, Вардар со серија од 4-0 успеа да стигне до поубедлива предност, а и покрај тоа што домаќините успеаја истата да ја преполоват, финишот на 30. минута повторно им припадна на скопјаните за 11-15.

Вардар го задржа добриот моментум и по одморот, одговори далелку подобро на двата дела од теренот и набргу стигна до предност од осум гола (13-21). Искусните гостински ракометари продолжија да го полнат голот на Куманово па во еден момент стигнаа и до двоцифрена предност која им донесе и нови два бода.

Постоловски и Мрвовиќ беа лидери на Куманово со по шест гола, додека кај Вардар се истакна Јувара со девет. Него го следеше Моралес со шест гола.

Се вчитува...