Куманово ја „преспа“ првата четвртина, па го совлада Шкупи

И покрај тоа што имаа негатива од 19-26 по првата четвртина, кошаркарите на Куманово на крајот го совладаа Шкупи со 83-75. Кумановци ги решија следните четвртини, за на крајот да дојдат до нова победа.

Шкупи одлично го почна мечот, и заминаа со предност по првата четвртина. Во вториот период, Куманово успеа да намали од разликата и на полувреме замина со само негтива од два поени.

Пресвртот дојде во третиот период кој Куманово го доби со 23-15, за во последната рутински да го доведе мечот до крај.

Шила од Шкупи со 25 поени беше најефикасен на мечот, додека кај Куманово Тадиќ со 17 поени беше најдобар поединец.

Се вчитува...