Кошаркарите на Куманово без поголеми проблеми славеа со 93-76 против Струмица во првиот натпревар од 15. коло во Првата македонска кошаркарска лига.
Кумановци триумфот го најавија со одлична игра уште во првата четвртина која ја добија со 28-14. Потоа се беше лесно за домашните кои само рутински ја одржуваа предноста се до конечен триумф.
Најефикасни во редовите на Куманово беа Јанески со 21 поен, дополнети и со 7 скока, додека Мекиќ мечот го заврши со 20 поени. 15 поени постигна Ковач а 10 поени – Стајиќ. Во поразениот тим се издвои Делипетров со „дабл-дабл“ ефект од 24 поени и 11 скока, а по 14 поени запишаа Цариќ, Цветков и Арсоски.
По оваа победа, Куманово дојде до својата десетта победа сезонава, наспроти и пет порази, за четврта позиција на табелата, додека Струмица е на претпоследната позиција со 2 победи и 13 порази, единствено пред Шкупи кој е со две победи и 12 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА