Кошаркарите на Куманово го совладаа тимот на Блокотехна сo 89-83 во рамките на дуелот од деветтото коло во Суперлигата. Домаќинот со поддршка од своите фанови изгради огромна предност која во 26.минута достигна и 22 поени разлика (67-45), а на крајот сепак се задоволи со поскромен триумф.
На полувреме тимот на Александар Петровиќ имаше позитива од девет поени (51-42), ја надополни и повеќе од двојно во првиот дел од третиот период, а потоа се задоволи и дозволи гостите да се вратат во мечот. Блокотехна намали на пет поени негатива (86-81) на две минути до крајот, но, сепак, немаше сили за комплетен пресврт.
Марјан Јанески со 24 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека Бранислав Ѓекиќ уфрли 19 поени. Кај Блокотена, Седрик Боувен беше стрелец на 16 поени, а по 15 постигнаа Стојан Ѓуроски и Шакир Смит.
Утре (17.45 часот) во салата „Јане Сандански“ се игра дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА