Ракометарките на Куманово не успеаја да издржат, па буквално во последната секундија дозволија да бидат поразени во првиот натпревар од двомечот во првото коло од Европската лига против Макаби Аразим Рамат Ган со 25-26 (14-15).
Натпреварот беше крајно неизвесен, но среќата беше на страната на израелскиот состав, кој победи со гол од пенал по истекот на времето
Најдобра ракометарка на натпреварот беше Габриела Величковска со 13 погодоци на своето конто, додека со девет се истакна Дуња Тасиќ кај тимот од Израел.
Поради реновирањето на салата во Куманово, македонските ракометарки двата натпревари ги играат во Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА