Куманово ја забележа втората победа во рамките од кошаркарската Супер-лига, откако актуелниот вицешампион денеска по голема битка успеа да слави над Работнички со 79-77.
„Сино-белите“ сезонава загубија неколку натпревари во неизвесна завршница, но овојпат беа на висина на задачата, одиграа фокусирано кога беше најзначајно и стигнаа до огромна победа. Работнички има за што да жали бидејќи на три минути до крајот имаше водство од 64-71, но по тајмаутот на Србиновски домаќините го свртеа резултатот во своја полза. Гостите имаа предност од 76-77, но Живановиќ беше херојот на кумановци на овој натпревар, постигнувајќи тројка во најзначајните моменти. Работнички имаше шанса за победа, но Илиевски и Чековски не се разбраа најдобро, па победата остана кај актуелниот вицешампион.
Куманово по оваа победа има скор од две победи и пет порази, исто колку и Кожув на делба на четвртото место, додека Работнички е третопласиран со скор 4-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА