Работнички очекувано славеше против тимот на Куманово со резулат од 77-68 (22-21, 24-10, 13-17,18-20), во првото полуфинале од Купот на Македонија. Актуелните лидери во првенството ја оправдаа фаворитската улога и одиграа онолку колку што беше потребно против мотивираните кумановци, за да го направат првиот чекор кон освојување на куп-трофејот.
Куманово на стартот пристапи без респект кон непобедливите Работнички. Мотивирани кошаркарите на Ацо Петровиќ ја одржуваа незивесноста во воведниот период, во ниту еден момент не им дозволија на Работнички да создаде предност со која би го контролирале остатокот од мечот. Сепак, по првите 10 минути резултатот гласеше 22-21 откако Чековски го реализираше последниот напад на неговата екипа.
Актуелниот лидер во домашното првенство го забрза темпото во продолжението, па со серија од 7-2, а потоа и 14-4, Работнички делуваше се посигрно на теренот. Агресивната одбрана не им помогна на кумановци да направат иницијатива, напротив, во тие моменти се соочуваа со најголемата негатива (-15) во последните минути пред паузата, по две четвртини вкупниот резултат гласеше 46-31 во корист на тимот кој го води Марјан Докузовски.
Кумановци продолжија по ист рецепт во второто полувреме, преку агресивна одбрана и контра напади се обидуваа да ја „стопат“ предноста на Работнички. Играа на се или ништо, што им се исплати во првите пет минути од третата четвртина забележувајќи серија од 10-6. За разлика од првото полувреме, во третиот период реализаијата не беше во полза ниту за двете екипи, иако Куманово ја освои четвртината со 17-13 и натаму беа во двоцифрена негатива.
Куманово продолжи да врши притисок во решавачката делница со цел да извлече нешто повеќе од пресметката во „Јасмин“, па така на четири минути до крајот на средбата намалија на само 65-61 со тројката на Бобан Стајиќ. Сепак, Работнички не дозволи изненадување и се погрижи и натаму да остане единствената непоразена екипа во домашното првенство и во Купот, а во финалната пресметка ќе го чекаат подобриот од дуелот МЗТ Скопје – Блокотехна.
Кире Николовски се истакна како најефикасен од редовите на Работнички со 18 поени, Чековски постигна 15 поени, а од нив седум ги реализираше уште во првата четвртина. По 10 поени забележаа Костов и Крстевски. За тимот на Куманово најраположен кошаркар на паркетот беше Александар Стерјов со 12 поени, додека капитенот Марјан Јанески реализираше 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА