Ракометарите на Куманово стигнаа до втора победа во Суперлигата откако вечерва во 5. коло на гостински терен во еден интересен натпревар славеа над дебитантот во лигата Бисинов Фруитленд со 25-30.
Домаќините подобро го отворија мечот, а во еден момент имаа и плус пет 11-6. Сепак, гостите заиграа далеку поквалитетно до крајот на првите триесет минути, па на пауза заминаа со позитива од еден гол 12-13. Во вториот дел кумановци одиграа далеку поквалитетно и на крајот стигнаа до триумф од 25-30. Давид Димевски со 12 гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Илиев и Тоше Ончев постигнаа по шест гола.
Во вториот меч од програмата од 19.30 часот Прилеп без проблеми славеше на домашен терен против Радовиш со убедливи 35-24. Денис Шабановиќ со пет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Иванче Ончев постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА