МРК Куманово официјално има двајца нови ракометари со кој се засилува играчкиот кадар за продолжението од сезоната.
Станува збор двајца египетски интернационалцо и тоа левиот бек Омар Мамду Радван Солиман и десниот бек Мохамед Карим Али Закарија кои ќе се стават на располагање на тренерот Александар Радосављевиќ. Последниот нивни ангажман е во српскиот Металац Краљево.
21-годишниот Омар е актуелен младински репрезентативец на Египет, додека Карим е генерација 2004 година.
Двајцата ракометари потпишаа договор со важност до крајот и на следната 2026/27 сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

