Куманово продолжува победнички, Вардар остана на „нула“

Кошаркарите на Куманово дојдоа до нова победа, петта во серија откако на домашен терен беа подобри од Вардар со 95-67 во мечот во 11. коло ов Првата лига. Со тоа момците на Марин Докузовски дојдоа до седмата победа во сезоната.

Домашните кошаркари дојдоа до победата по само едно полувреме, откако на одморот беше веќе 52-27, и се знаеше дека Куманово ќе го однесе триумфот.

Радукиќ и Луковиќ со 26, однсоно 25 поени беа најдобри кај победничкиот тим. Вардар ја заврши полусезоната без ниту една победа.

Се вчитува...