Кошаркарите на Куманово во минатото коло службено го загубија домашниот меч со Охрид, но денеска со продолжението на настапите во домашното првенство дојдоа до нови бодови, очекувано триумфирајќи на гостувањето против Пелистер со 64-81. Битолчани сторија се што можеа, но немаа сили да го изненадат фаворитот, кој рутински прокнижи нови бодови на гостински терен.
На мечот имаше само едно израмнување, 4-4, за потоа Куманово да постигне пет поени во низа и да ја почне својата доминација на теренот. Избраниците на тренерот Србиновски ја завршија четвртината со предност од 15-24, по што рутински ја одржуваа предноста до крајот на полувремето (30-38). Третата четвртина повторно мина во подобра игра на гостинската екипа која за момент стигна и до „плус шеснаесет“ (42-58). Остатокот од натпреварот мина под целосна контрола на гостите, кои без проблеми го доведоа мечот до крај за нова планирана победа.
Данило Мијатовиќ оствари дабл-дабл од 20 поени и 10 скокови, додека Караџовски го заврши мечот со 20 поени и осум асистенции. Најефикасни кај Пелистер беа Талевски со 15 и Давков со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА