Куманово се враќа во БИБЛ – лигата

Кошаркарскиот клуб на Куманово се враќа во балканската БИБЛ лига. Кумановци доставија апликација за учество која ќе биде прифатена од лигата со што ќе станат втор македонски претставник во регионалното натпреварување во кое наш претставник ќе биде и новиот прволигаш ТФТ.

Куманово беше дел од БИБЛ во сезоните 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015 и 2016-17 година, а најдобар пласман имаше во последната сезона во која се натпреваруваше кога во финалната серија загуби од БК Берое.

За потсетување актуелен шампион во БИБЛ е македонската Блокотехна, која се радуваше на трофејот во сезоната 2018/2019, а тековната сезона беше прекината поради пандемијата од коронавирусот.

Се вчитува...