Бразилскиот репрезентативец Жоао Виктор Соарес Флорес е засилување за ракометен суперлигаш, МРК Куманово за пролетниот дел од сезоната.
Флорес, кој игра на позицијата кружен напаѓач, е репрезентативец на Бразил до 21 година. Куманово за него е првиот клуб надвор од неговата земја.
Куманово, како што е познато, има уште двајца Бразилци во своите редови, десниот бек Гиљерме да Силва Фернандез и левиот бек Џанкарло Фелипе Хен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА