Српскиот интернационалец, Еди Синадиновиќ е најновото засилување за Куманово оваа сезона. 32-годишниот бек во Македонија доаѓа од латвискиот шампион каде што на почетокот на сезоната го носеше дресот на Лиепаја и бележеше просек од 13.3 поени, 4.4 скока and 6.4 асистенции по натпревар.
Синадиновиќ е добро познат во макбаскетот по одличите настапи за МЗТ Скопје, клуб чиј дрес носеше во два наврати. Во сезоната 2009/10 беше еден од клучните играчи во победата над градскиот ривал во „Јане Сандански“, што беше и пресврт за сезоната на „сино-белите“, а подоцна настапи во скопскиот тим и во 2015 година.
„Многу сум задоволен за моето враќање во Македонија, бидејќи тука се чувствувам како дома. Ова е мој четврт пат да играм во Македонија, два пати во МЗТ Скопје, клуб кон кој имам јаки емоции бидејќи имав одлична врска со навивачите, но кога ќе се соочам со нив ќе морам тоа да го ставам настрана, бидејќи сепак ова е професионален спорт“ – изјави за ЕКИПА, Еди Синадиновиќ
Искусниот Србин зад себе брои настапи во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Грција и Чешка, а во три различни лиги е рекордер по остварени асистенции на еден натпревар. Во босанското првенство неговиот рекорд е 18, во чешкиот шампионат – 17, додека во Естонија – 16 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА