Екипата на Куманово денеска успешно комплетираше уште два трансфери, потпишувајќи договори со еден странски и еден домашен кошаркар. Станува збор за српскиот интернационалец Филип Думиќ и македонскиот кошаркар Мето Бешлиовски.
Филип Думиќ кој е роден во 1990 година и настапува на позиција плејмејкер. Во неговата кариера има настапувано за повеќе тимови од Србија, Константин Ниш, Борац Чачак, Јединство, Вршац и Младост, како и за тимот на Темишвар од Романија.
Во ростерот на Куманово во наредната сезона ќе биде и Методија Бешлиовски кој е роден 1996 година и е висок 201 сантиметар, а најдобро се снаоѓа на позицијата крилен центар. Потекнува од школата на Вардар, а во својата кариера има настапувано за Фени Индустри и Карпош Соколи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА