Куманово со две нови засилувања за Премиер-лигата

Екипата на МРК Куманово успеа да обезбеди опстанок во елитното друштво, а управата на клубот веќе повлече неколку потези за да состави респектабилен состав кој и во новата сезона ќе успее да ја оствари истата зацртана цел.

Кумановци денеска официјализираа два трансфери, со кои нови членови на овој клуб станаа Борјан Цековски и Дамјан Јакимовски. Цековски има 18 години и настапува на позицијата пивот, доаѓа во таборот на Куманово од екипата на Радовиш.

Јакимовски е десно крило со огромен потенцијал, кој лани настапуваше за тимот на Скопје, а претходно ги има брането и боите на Работнички, откако ја мина младинската школа на Вардар.

Кумановци се во завршна фаза од преговорите за трансфер на младиот Благој Христовски, кој ланската сезона настапуваше во одлична форма за младинскиот состав на Е. Пелистер.

Се вчитува...