Куманово триумфално со Кожув, за место во Суперлигата

Куманово запиша повеќе од важна победа против Кожув од 79-67 во 15. коло од Првата македонска кошаркарска лига, со која веќе во голема мера си обезбеди место меѓу најдобрите шест во лигата кои одат во Суперлигата.

Кумановци до триумфот стигнаа благодарение на одлично одиграната последна четвртина која ја добија со 25-17. Претходно, гевгеличани одржуваа ритам низ првите три периоди но потклекнаа во финишот од мечот.

Најефикасен во триумфот на кумановци беше Атанасов со 21 поен а Стојановски заврши со 19 поени. Кај гостите се издвои Пејн со 23 поени.

Пелистер запиша убедлива победа против Вардар од 96-81. Мекиќ и Зекири со по 23 поени беа предводници во триумфот на битолчани.

Се вчитува...