Кумановци блокирани за 9.000 евра од Живановиќ

Куманово едвај успеа да склопи солиден буџет за наредната сезона, но поранешниот вицепрвак сега се соочува со нив проблеми, и тоа поради стари долгови.

Сметката на „сино-белите“ ќе биде блокирана откако поранешниот играч на Куманово, Стефан Живановиќ, ја добил битката преку ФИБА со македонскиот клуб, кој сега ќе мора да му исплати дури 9.000 евра. За трагедијата на кумановци да биде поголема, првичниот долг изнесувал „само“ 1.500 евра, но индолентниот однос и одбивањето да се плати оваа сума придонесе да се пресметаат огромни камати, па парите за наплата се шест пати повисоки.

До Македонската Кошаркарска Федерација веќе е стигнат допис со кој се бара блокада и суспензија се додека сумата не биде наплатена. Кумановци имаат до крајот на месецов за да го платат и остатокот од сумата за котизација кон МКФ, а јасно е дека новонастанатата ситуација дополнително ги замрсува сметките на тренерот Петровиќ и новата клупска управа.

Се вчитува...