Екипата на Куманово стигна до важни бодови во трката за опстанок во елитното друштво откако вечерва рутински славеше над Струга со 32-19. Стружани се речиси отпишани во битките за опстанок во Супер-лигата, тоа го докажаа и со катастрофалното издание вечерва во Куманово, каде беа целосно надиграни и заслужено убедливо поразени.
Кумановци покажаа и квалитет и карактер, контролирајќи го резултатот од самиот почеток, поведувајќи со 5-2, потоа и со 10-6, а домашните на одмор заминаа со 15-10. Отпорот на гостинскиот тим беше целосно скршен а почетокот од вториот дел, Куманово набрзина поведе со 21-11 со трите гола во серија на Цековски. Победникот беше решен, па домашниот тим рутински го исконтролира резултатот до конечните „плус 13“.
Стојков и Цековски со по шест гола беа најефикасни во победничкиот тим, еден помалку постигна Вујичевски, додека Атанасовски со шест погодоци беше прв стрелец на Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

