Кошаркарите на Куманово првиот официјален натпревар во новата сезона ќе го одиграат против австрискиот Сванс во квалификациите за ФИБА Еврокуот на турнирот во Гронинген, Холандија. A, до таму кумановци ќе патуваат со автобус!
Предвидено е ‘сино-белите’ да тргнат вечерва, а ги очекува пат од 2,108 километри, односно најмалку 24 часа поминати во автобус. Добрите вести во овој поглед се тоа што првиот Куманово ќе го одигра на 30. септември па играчите ќе имаат малку време за одмор.
Притоa со цел да се заштедат парични средства, со клубот ќе отпатува само дел од стручниот штаб.
Во период во кој секојдневно се менуваат протоколите за патување и правилата за карантин, останува да се надеваме дека кумановци нема да останат заглавени во некоја европска земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА