Кумановци со цврста одбрана го освоија Гостивар

Кошаркарите на Куманово во рамките од 16. коло стигнаа до десеттата победа во Првата лига откако на гостински терен славеа над Гостивар со резултат 56-62. Самиот исход на семафорот јасно кажува, двата тима немаа свој ден во нападот, но цврстата одбрана беше рецепт со кој избраниците на Марин Докузовски стигнаа до посакуваниот триумф, за ново искачување на прволигашката табела.

Кумановци одиграа одлично во дефанзива уште од самиот старт на мечот, па во првата четвртина му дозволија на противникот да постигне само 11 поени (11-19). Гостите продолжија да доминираат, во втората четвртина имаа 16-30, а во третиот период 30-45. Гостиварци не се предадоа, успеаја да се приближат резултатски, но домашните кошаркари дојдоа на само три поени негатива на 44 секунди до крајот (55-58). Куманово го издржа последниот налет и на крајот заслужено стигна до победата.

Луковиќ ги предводеше стрелците со 16 поени, а добар меч одигра и Тадиќ, реализирајќи 13 поени, 8 скокови и 6 асистенции за победничкиот тим. Најефикасен во таборот на Гостивар беше Американецот Елис со 20 поени, а двоцифрен беше само уште Дарко Соколов со 10 поени.

Се вчитува...