Екипата на Куманово со денешниот тренинг и официјално означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона, под водство на тренерот Александар Петровиќ кој минатата сезона оствари голем успех со пласманот во полуфиналето од плејофот.
Што се однесува до играчкиот кадар, од странците останаа Ѓекиќ и Ковач, од домашните играчи тука се Мекиќ и повратникот Тодоровиќ, а дополнително искуство ќе донесе Игор Пенов. Младиот Дамјан Миса ќе добие шанса од Петровиќ со напорни тренинзи и минутажа на теренот да покаже дел од своите таленти.
До последно ќе се чека дали на тимот ќе му се приклучи Александар Костоски, за кого Куманово е прва опција доколку не обезбеди трансфер во странство. КК Куманово натпреварите од новата сезона ќе ги игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ додека траат реновирањата на Спортската Сала во Куманово, кои ќе започнат оваа есен. есен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА