Куманово ја прекина серијата од два порази во Супер-лигата откако вечерва успеа да триумфира над составот на Тиквеш со 94-77. Конечниот резултат е убедлив, но треба да се истакне дека кавадарчани три четвртини целосно парираа на фаворитот, но искуството и квалитетот на избраниците на Докузовски сепак беа пресудни за Куманово во завршните десет минути да се одлепи и да стигне до победата.
Куманово ја доби првата четвртина со 24-19, но домаќините заминаа на одмор со само еден поен предност (43-42). Тиквеш го отвори второто полувреме со водство од 43-47, потоа кавадарчани водеа во голем дел од третата четвртина, пред Митевски и Јанески да донесат нов предност и во последните десет минути да се влезе со водство на Куманово од 66-63. Тоа беше најава за фуриозната последна чевртина што домашниот тим ја доби со 28-14 и конечен триумф од 94-77.
Николиќ беше одличен со 29 поени, 9 скокови и 7 асистенции, Луковиќ реализираше 27 поени за кумановци, додека прв стрелец на Тиквеш во овој пораз беше Дес со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

